Многу сум сошал…Слушај ме што ти зборам, биди сошал да те види Господ!

0

„Како да ти кажам, сегде ме има. Твитам за позиција и опозиција и коалиција, твитам за мајка ти и татко ти, за времето, твитам за секојдневните срања што ми се мотаат у глава, твитам за љубов, твитам за депресија, твитам за дечкото што го немам, а го сакам, твитам и за другарките, ама они не знаат, чат-пат твитам и за бившиот –нека пати копилето.

Значи срамота е да се пљука по социјалниве медиуми кога тоа е тоа, луѓе не направија бре, луѓе. Сошал сум до јаја и на инста иначе. Се сликам одозгора, одоздола, сеа малку повеќе фурам на деколте јер тоа е ин, чат-пат и ноџе покажувам – да не ми биде сув профилот. Добро ај и кафиња сликам и храна, ама тоа чисто да видат дека шетам и ме има низ град да не биде дека само дома седам и се сликам. Сликам стрит артови, згради – дека сум урбана, небо, природа и сл. Може ќе се упеца некој фин момак… аххаха…И на работа се сликам со наочари нормално, како иначе ќе знаат дека сум паметна?! Само за фуфла ли да ме мислат, јес да малце порно изгледам, ама навлечена сум на се што е ин – како да ти кажам. Кога можат другите морам и јас.

Иначе у меѓувреме сум и модна блогерка. Мораш да ми го видиш блогот, најчесто се сликам по соблекувални од бутици, ама мора од негде да се почне.

Пеер сегде ме има, за фб да не прајме муабет, тоа ти е so yesterday, али јбг ако те нема таму исто ко да не постоиш. Мора да ме има на сите настани. Сошал бренд сум! Што поише да ти кажам.

Ако не твитнам или не се сликам исто ко да не постојам. Слушај ме што ти зборам, биди сошал да те види Господ “.

-И онака сам не се гледаш.

(женска верзија на муабетот)

Автор: Скопска блогерка

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.