МНТ стана член на Европската театарска конвенција

0

Македонскиот народен театар стана член на Европската театарска конвенција (European Theatre Convention-ETC) – најголема европска мрежа на театри. МНТ е зачленет за време на интернационалната конференција на ЕТС која се одржа од 21 до 24 април во “Театр де ла Мануфактур” во Нанси, Франција.

Мрежата ЕТС е основана во 1988 година за промовирање на современиот театар, поддршка на мобилноста и размена на актерите низ цела Европа и пошироко.

Конференцијата на ЕТС што се одржа во изминатите четири дена беше на тема „Театарот надвор од границите“ и учествуваа над 40 режисери, уметници, драматурзи и продуценти од повеќе од 25 државни театри од Европа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот