Mистериозна земја која ја нема на ниту една карта – Ва

0

Длабоко во прашумите на југоисточна Азија се наоѓа скриена територија која официјално ја нема на ниту една карта на светот. Нема амбасади низ светот, ниту пак некој ја има признаено, но во реалноста навистина постои и е автономна држава. А што е најинтересно не им смета таквиот статус.

Земјата се вика Ва и се наоѓа на територијата на Мјанмар.

За земјата знаат многу малку луѓе, што и не е необично со оглед на тоа дека влезот за странци е речиси невозможен. Ако побарате виза, сигурно ќе бидете одбиени.

Но, од некои причини, група новинари добиле дозвола да ја посетат оваа мистериозна земја. Меѓу нив и новинарите на BBC.

„Мислевме дека сите кои сакаат да ја посетат нашата држава се шпиони“ – изјавил претставник на земјата за BBC.

Новинарите поминале низ детална проверка од страна на војниците пред да влезат, за потоа да бидат срдечно пречекани во локалната WA телевизија. За целиот престој таму имале придружба, а посетата било добро испланирана, така што им окажале се што сакале да видат.

Државата Ва се простира на 17 000 квадратни километри, во неа живеат нешто повеќе од половина милион луѓе.

Смештена на истокот на Мјанмар, на граница со Кина, а од 1983 година е независна држава, кога склопиле мир со тогашните власти на Бурма. Добиле територија на самостојно управување.

Главна дејност е земјоделството, а главен производ кој го одгледуваат е мак, состојка од која се прават опиум и хероин.

Од заработката, граѓаните и генерлано целата држава многу брзо се збогатиле. Во 90тите, државата Ва, станала една од главните производители на хероин и опиум на светот.

Со оглед на тоа дека станува збор за земјоделска активност која не е толку популарна како гранка во светот, новинарите биле прошетани низ полиња со чај, кафе и каучук од кои се добиваат сировини за производство на гуми.

Заради близината со Кина, трговијата е во пораст. Официјална валута е кинескиот јуан, главен јазик е мандарински кинески, а клучната инфраструктура, како електрична и телекомуникациска мрежа е во сопственост на кинеска компанија.

Сепак, статусот независна територија на Мјанмар им одговара во целост, бидејќи таквиот пристап им одговара за да можат даја задржат автономијата, но да бидат дел од државата, ако се надвор од неа.

Позитивната страна е што голем дел од правилата и законите на поголемата држава не важат за Ва, како меѓународни закони, контрола или какви било регулативи.

Извор:dominomagazin.com

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.