Мистерии кои никогаш нема да бидат решени

0

Сите многу сме читале и знаеме за древен Египет. Знаеме за нивните Богови, како живееле, како се хранеле. Наукатa со текот на годините откри многу работи – освен една ситница:

Кои биле тие и како изгледале. Не знаеме ниту каква раса биле. Сигурно сега ги замислувате како Арапи со темна кожа како на цртежите и сликите до кои имаме пристап. Но, Арапите дошле 100тина години откако пирамидите биле изградени, а Египќаните веќе ги немало.

omqadvs

Луѓето во минатото биле необично способни во поместување камења. Немале модерна технологија, па се занимавале со многу поконкретни работи. Тука се пирамидите, Стоунхенџ и многу други мистерии за кои некако се дошло до објаснување и теории низ годините, какви – такви. На листата се додадени и Џиновскате глави од Централна Америка. Научниците знаат дека ги направиле Олмеки, најстарата цивилизација која живеела во Америка, уште пред Маите, Инките и Ацтеките. Од необјасниви причини сакале да направат глава која тежи 20 тони, што не е лесна работа, дури и за модерната технологија.

8gu1okj

Интересното е тоа што главите се направени од вулкански базалт, кој се наоѓал 100 километри подалеку од местото каде што живееле мештаните. Како тогаш го пренесувале? Сè уште не се знае.

Медитеранот од секогаш бил место за собирање на луѓето, место каде на сите им било убаво. А 1200 години пред Новата ера било уште позанимливо. Луѓето од тоа време се соочувале со многу тежок период после златното доба.  Тоа е време кога се појавила огромна војска со моќна морнарица и почнала да уништува сè наоколу, многу градови и села биле засекогаш избришани.

jadddug

Ги викале Морски луѓе. Никој не знаел кои се и што се, а до денес сè уште не е откриено. Историчарит се сомневаат дека орди биле од Балканот или Азијци. Но, од каде бродови, и каде биле со години, зошто никој не ги забележал..не се знае.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот