Мистер Бин, ликот кој ја засмева светската публика цели 25 години

0

Сите се сеќаваме на интересниот лик на Мистер Бин, на згодите и незгодите на најуникатната појава на сите времиња. Осамениот и несфатен Мистер Бин и ден денес засмејува милиони гледачи со репризите на оваа серија.

Инаку серијата за првпат е прикажана пред 25 години, а Роуан Аткинскон е актерот кој ѝ даде живот. Во продолжение, прочитајте неколку занимливости за неа:

# Аткинсон почнал да работи на карактерот на Бин додека бил на мастер студии на електрoтехничкиот факултет на Универзитетот во Оксфорд. Првпат го претставил на фестивал во Единбург во 1979 година.

# Повеќе од 100 авиокомпании го имаат користено неговиот лик за реклама

# Еден од значајните настани за популарноста на Мистер Бин се случил во 1987 година на фестивалот „Just for laughs“ во Монтреал. Аткинсон инсистирал да изведе скеч пред публиката која зборува само француски јазик, за да може да го тестира физичкиот аспект на комедијата која ја претставувал. Успехот бил очигледен, пишува opusteno.rs.

# Актерот има изјавено дека инспирацијата за Бин ја добил од карактерот на Monsieur Hulot, француски комичар од периодот нa немите филмови.

# Роуан Аткинсон е најмладо дете од четворицата синови на Ерк Аткинсон и Ела Меј.

# Името Бин (bean – грав,од англиски превод) го смислил во 1989 година. Претходно се размислувало за многу други видови зеленчуци, но сепак на крај одлуката паднала на гравот.

# Мистер Бин нема прво име.

# До сега се продадени 35 милиони DVD-а од серијата. Мистер Бин има повеќе од 1,4 прегледи на Youtube и околу 68,5 милиони фанови на Фејсбук.

# Иако сите се сеќаваат на него како на осамен ерген, тој имаше девојка, по име Ирма Гоб која се појавува во вкупно три епизоди од серијата.

# Исто така, тој е другар од училиште на Тони Блер.

# Најдобриот пријател му е мечето Теди.

# Друг најдобар пријател му е неговиот автомобил Мини, кој за потребите на серијата бил двапати уништен.

# Во последниве 25 години, во кој било момент, некаде во светот се прикажува Мистер Бин.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот