Мислите ли на работата и кога сте дома?

0

Што се тоа зависници од работа? Како се однесуваат луѓето кои се зависници од својата работа?

Прво прашање на кое треба да си одговорите е: Дали мислите на работата и кога сте дома?

Останувате ли подолго на работа дури и кога тоа не се бара од вас? Дали заборавате на вашето хоби и пријателите во текот на денот?

Доколку вашите одговори се позитивни, време е да успорите, да се одморите и да се запрашате кога станавте зависник од вашата работа.

Убаво е кога ја сакате работата која секојдневно ја вршите и притоа сте платени за истата. Исто така, одговорното сфаќање на обврските ве прави многу поголем човек. Но, многу често се случува да почнете да заборавате на себе. Иако можеби сте омилениот вработен на вашиот шеф, секако не сте омилен пријател во вашето друштво.

Сметате дека вашата работа е завршена во оној момент кога ќе почувствувате дека веќе сте уморни, а тоа многу ретко се совпаѓа да биде во исто време со моментот на крајот на работното време. За време на викендите се случува да погледнете во компјутерот и да сработите нешто плус, притоа заборавајќи на одморот. Вам ви се чини дека останатите кои го напуштаат работното место порано од вас не се грижат доволно за своите обврски. Чудно ви е кога седнувате со пријателите, а тие ништо не зборуваат за својата работа. Помислувате дека тие воопшто не се ни грижат.

Прашањето кое често се наметнува е, дали “работохоличарите”навистина се поуспешни во работата од останатите и дали тие побрзо ги остваруваат своите цели?

Многу чест случај е, овие луѓе со своето темпо на работа до изнемоштеност, константното оптеретување на мозокот со многу информации да ги доведе до работ на издржливоста и да се намали нивната ефективност. Од друга страна пак, грижата на совеста за запоставување на самите себеси и луѓето околу нив, дополнително ќе ја намали нивната емоционална стабилност и прашање на време е кога ќе настане крах.

Никој не може да каже со сигурност дали овие луѓе ќе успеат побрзо во остварување на целите, но неминовна е потребата од намалување на оптеретеноста од работа.

Затоа, препорака е да се определи однапред точно терминот за работа во текот на целиот ден. Да се знае точно кога се доаѓа а кога заминува од работа.

Да се определат и задолжително да се одделат работните цели од животните цели.

Да се слуша говорот на телото.

КОГА НА ТЕЛОТО МУ Е ПОТРЕБЕН ОДМОР, ТОА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИГНОРИРА.

Во слободно време, да се биде подалеку од компјутерот или службениот телефон.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар