Мишел Обама: Нема да се кандидирам за претседател

0

Мишел Обама планира кога ќе ја напушти следната година белата куќа, тоа да биде за секогаш. Сегашната прва дама, нема намера да ги следи стапките на Хилари Клинтон и да се кандидира за претседател еден ден.

“Нема да се кандидирам за претседателка“, изјави таа во своето обраќање во Остин Тексас, заедно со Квин Латифа, Софија Буш и Миси Елиот. Главна причина за тоа е грижата за своите две ќерки, Саша и Малиа. “Овие две млади дами кои ме чекаат дома, се ќерки на претседател….што и не е баш лесно, но тие го издржаа тоа храбро и достоинствено. Но доста беше“.

Таа скоро се расплака додека говореше за времето кое го помина како прва дама, велејќи дека најмногу ќе и недостига времето кое го поминала работејќи со млади луѓе. “Се гледам самата себе во нив. Го гледам она мало девојче на кое му рекоа дека нема да успее. Ќе ми недостига тоа како прва дама, но ќе продолжам и понатаму со истите активности, не мора да си претседател за да правиш добри дела“, изјави Мишел Обама.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.