Мирослава Дума – Најубавите капути за есен 2017

0

Есента е сезона на капути и топли џемпери, а во изборот на капути не може никој друг да ни помогне како најпознатите трендсетерки и модни блогерки кои секојдневно се во тек и ги пратат сите новости од светот на модата, но и смислуваат и поставуваат нови трендови.

Мирослава Дума е позната во светот на модата, а за денешната инспирација го земавме за пример нејзиниот стил, овојпат фокусиран на капутите.
Со нејзина помош, оваа есен, вашата модна игра сигурно ќе се искачи на повисоко ниво.

Ви претставуваме неколку модели кои ќе го привлечат вашето внимание и ќе ви помогнат при избор на капути за оваа сезона

Класичен крој со забавен акцент
Традиционалниот тренч капут секогаш ќе биде во мода, но моделите со рачно насликани цветни дезени се повпечатливи и поубави. Ако ви се допаѓаат вакви модели на капути, побарајте некој со необични детали околу рабовите или џебовите.

Силни бои
Ништо не може да ве расположи во ладните денови како силната црвена боја на капут. Доколку сакате силни бои и впечатлив изглед пробајте и капут во портокалова боја.

Забавна силуета
Ги сакате фустаните во А- крој? Зошто тогаш да не пробате и капут во овој стил, кој ќе ја истакне вашата половина.

Капут во необичен крој
Не мора секој капут да има идеален крој кој ќе прилега на вашата градба. Можете да изгледате одлично и во гломазните модели со металик или брокатни детали.

Детали кои привлекуваат внимание
Со додавање на различни бои во целост ќе го промените монохроматскиот и досаден капут во впечатливо парче кое привлекува внимание.

Нетипичен материјал
Пробајте капут од кожа или тексас или некој друг материјал кој е потполно неочекуван кога станува збор за ова парче облека. Видете што може да донесе овој тип на промена.

Забавен и пријатен за очи
Зошто не би одбрале капут кој е забавен и пријатен за очи, без никакво друго објаснување? Ваквиот модел ќе го направи вашето секојдневие позабавно и го
потенцира вашиот истенчен вкус.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.