Минхен, престолнината на пивото

0

Минхен е најверојатно најпознатиот град во цел свет по фестивалот на пивото, Октоберфест. Оваа традиција трае повеќе од 200 години.

И токму ова е причината што Минхен го нарекуваат престолнина на пивото. Тука можат да се пробаат најдобрите светски пива – темно, светло, на точење, во шише. И секогаш проследени со најдобрите баварски деликатеси.

Иако фестивалот на пивото трае кратко, градот е во секое време отворен за туристите. Најпознат е плоштадот Мариенплац, каде што се наоѓа градското собрание и најубавиот часовник со кукавица на светот – Глокеншпиел, кој има своја „претстава“ секој ден во 11 часот.

Foto: flyupmike/Pixabay.com Во непосредна близина е и „градината на пиво“, Хофбраухаус, кулата на старото собрание, Алтер Ратхауструм, градските цркви Фрауенкирче и Театинеркирче, чиишто две кули се симбол на градот.

Секоја година во Минхен се одржува и Кристкиндлмаркет, божиќен саем како од бајките кој е бавараска традиција со години наназад.

Минхен е град и на зеленило и паркови. Најпознати се Хофгартен и англискиот парк Енглишер, кој е вториот најголем парк во Европа.

Во Минхен можат да уживаат и љубителите на спортот. Посетата на фудбалските натпревари на Алијанц арената се сон на повеќето мажи во Европа. И на многу жени.

Шетајќи се низ Минхен, сигурно ќе си речете „Животот е убав“. И ќе се сетите дека би бил поубав со една чаша германско пиво.

pivo

Токму затоа ви препорачуваме убаво да го пробате квалитетното германско пиво Даб. Вкусот ќе ве воодушеви.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.