Милениците и ние – кој кому му е потребен

0

Улогата на домашните животни во животот на современиот човек е тешко да се оцени. Научниците антрополози, кои ги изучуваат пештерските цртежи «напишани» пред околу 40.000 години, тврдат дека древните луѓе во тоа време веќе почнале да ги восприемаат животните како другари, како човечки сушества.

Но, главно, таквата љубов се однесувала кон малите од ѕверовите. Во кое време се зародило такво «нежно» чувство кај суровите древни луѓе кон четвороножните пријатели? Зошто дел од нас, современите луѓе, обожуваат животни, а дел се сосема рамнодушни кон нив? Научниците за ова немаат единствено мислење.

Според една од теориите, развојот на приврзаноста на човекот кон животните се појавила како последица на проработувањето на лажниот мајчински инстинкт, чувството дека некому му требаш. Но, од гледна точка на еволуцијата, додавањето на животните кон човековото секојдневие повеќе е сврзано со помошта во обезбедување храна, при лов, во обидот да се надмине стравот дека ќе бидеш изеден од диви животни.

Како и да е, финалното одмаќинување на кучињата и мачињата се случило дури во 20 век, констатираат научниците. Се појавила и нова фраза како антропоморфизам – припишување на животните човечки мотиви како поведение, способности и вредности. Така, мнозинството луѓе, ако ги прашате за тоа што асоцира кај нив поимот мачка или куче, ќе ви наведат редица човечки особини. На пример, кучето асоцира со преданост, ум, почит, а мачката повеќе симболизира независност, приврзаност кон домот.

Во животот на современиот човек домашните миленици играат огромна улога. За едни, тоа е начин да се опуштат и да заборават на секојдневните проблеми, за други тие се рамноправни членови на семејството, а трети сметаат дека покрај естетското и моралното задоволство, нашите помали „браќа“ носат реална полза за здавјето. Ова последново е и научно докажано.

Докажано е дека кучињата имаат единствена природна способност да ги чувствуваат болестите на своите домаќини. Затоа миленичињата, чувствувајќи болест, постојано го придружуваат човекот, не давајќи му буквално место да помине (во позитивна смисла на зборот). Овие зачудувачки чувствителни и добри суштества им даваат моќна морална поддршка на своите домаќини и претставуваат дел од кругот на спасување од негативните мисли.

Според изборот на домашно животно, можно е, како што тврдат научниците, да судите и за самиот човек. На пример, „мачкарите“ се повеќе интровертни и помалку емоционално стабилни, додека, пак, љубителите на кучиња, од своја страна, се повеќе пресметливи и приспособливи.

Психолозите препорачуваат на семејствата со деца на доучилишна и училишна возраст да земат милениче, бидејќи тоа им помага на децата во компензирањето на недоволното внимание од возрасните, во балансирањето на емоционалната рамнотежа во семејството и да во задоволувањето на недостатокот во комуникација.

Научно е докажано дека домашните миленичиња имаат благопријатно влијание врз психоемоционалната состојба на човекот. Група американски научници тврдат дури дека кучињата имаат способност да лечат и такви сериозни болести како сидата.

Животните го учат не само детето, туку и возрасните да бидат подобри и повнимателни кон луѓето од околината.

Јапонските научници востановиле дека при „разговор“ со животните, кај човекот се засилува изработката на окситоцин – хормон кој придонесува за намалување на стравот, потиснување на депресијата и помага во формирање доверливи односи меѓу луѓето од една група. Овој хормон е одговорен и за врската меѓу детето и мајката при раѓање.

А што да правиме со оние кои се рамнодушни кон животните или пројавуваат жестокост во односот кон нашите помали „браќа“?

Рамнодушност и некој вид насилство во однос кон животните главно пројавуваат малите деца. На пример, намерата да му се откорнат крилјата на комарецот и да се види дали тој може да лета после тоа или не, или намерно да се газат мравките по улица…. Психолозите го објаснуваат со тоа што детето се стреми да ги реализира своите импулси на секаков начин, и само годините воспитување и личниот пример од возрасните може да го натераат детето да го восприема животното како другар.

Рамнодушниот однос кон домашните љубимци не претставува патологија или проблем, но, ако детето добива задоволство од тоа што го мачи животното, тогаш, најверојатно, тоа е склоно кон насилство.

Не сакаат животни и некои возрасни луѓе. Тие не чуваат миленичиња и избегнуваат комуникација со миленичињата на своите другари. «Животните смрдат и многу се валкани», – велат тие. Со што навистина е поврзано таквото непријателство?

Психолозите велат дека најчесто зад таквата одбивност се крие неспособноста да се прифати отворениот на инстиктивен почеток, својствен на сите животни, и нивната непосредност и искреност. Ваквите луѓе ги плаши и безусловната љубов што ја пројавуваат домашните љубимци.

И, соодветно на тоа, на таквите луѓе психолозите им советуваат да се разберат со своите чувства, да ги надминат своите стравови и да добијат задоволство и искрена љубов од своите четвороножни пријатели, а како одговор да им возврата со свои чувства. Верувајте, навистина вреди!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.