Мила Кунис, убава и без шминка

0

Во последно време сè повеќе познати дами, како Адел и Ким Кардашијан ја одбегнуваат тешката шминка за дневни изданија и за насловните на Вог и Ролинг Стоунс покажаа како изгледаат без шминка. Сега, уште една позната дама се одлучи на овој чекор…

Шарматнатата Мила Кунис се одлучи да го следи последниот актуелен бјути тренд, па така се појави на насловната страна на списанието Гламур без шминка.

Разбирливо, фотографиите се компјутерски обработени, но и со оглед на тоа, убаво е да се видат популарните убавици во природно светло без скапи пудри и свилени трепки.

„Не се шминкам нон-стоп. Не ја мијам косата секој ден. Искрено, им се восхитувам на жените кои стануваат 30 или 40 минути порано од спиење само за да нанесат совршена линија со црн туш на очите. Мислам дека тоа е преубаво. Ама јас не сум таква личност“ – објасни Кунис за магазинот Гламур

36013FDB00000578-3677186-image-a-4_1467816005929

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар