Мини Драјвер зборува отворено за искуството кога била нападната од постар маж во тинејџерските години

0

Откако ја објавија снимката каде Доналд Трамп вербално ги напаѓа жените, светот се крена на нозе. Последната изјава е на Мини Драјвер која со јавноста сподели сеќавање од тинејџерските години кога била нападната од непознат маж.

„Човекот се појави од никаде, ме грабна за лактот на раката и ми рече ‘Ти ќе танцуваш со мене’. Јас му реков ‘НЕ!’ Toj почна да ме влече за раката накај него, ме фати за грбот ме држеше за косата. Јас се обидов да го да се оттргнам од него, но тој ме удри“.

Ужасно искуство за младата Драјвер, за кое се почувствувала засрамена од страна на полицијата.

„Начинот на кој тие го прикажаа нападот беше како човекот да сакал само да се забавува, а ако јас сум се согласела, немало да настане никаков проблем. Ако само сум играла со него, немало да се најдам во позицијата во која се најдов. И мислам дека тоа позицијата во која ги доведуваат и останатите млади жени. Кога имате 17,18 години и кога сте излезени, идејата за несакано машко внимание треба да во ред? Тој може да ве допре за грбот, да ја спушти раката до задникот и вие треба да го трпите тоа?! Не. Се сеќавам дека заради овој став бев нарекувана конзервативна девојка“.

Мини Драјвер го искажа својот став во емисијата на Пит Доминик, SiriusXM’s StandUP!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.