„Microsoft Визија: Reloaded“ конференција во Скопје

0

Над 300 бизнис лидери и ИТ професионалци денеска и утре во Скопје ќе учествуваат на конференцијата „Microsoft Визија: Reloaded“ што ја организира Мајкрософт Македонија.

Конференцијата, ќе ја отвори Мајкл Когелер, генералниот директор на Multicountry регионот во Мајкрософт, кој опфаќа 15 земји од Централна и Источна Европа. Меѓу главните говорници на конференцијата ќе бидат и Петар Иванов, генерален директор на Мајкрософт за Македонија, Бугарија и Косово, Љупчо Георгиев, директор на Мајкрософт Македонија и Косово, како и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Мајкрософт Македонија во соработка со Цертиадриа ќе обзебеди и бесплатни ваучери за 30 кандидати вработени во јавната администрација да можат на самото место да го полагаат испитот Microsoft Office Specialist.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.