Мич Вајнхаус: Не сум задоволен што филмот за Ејми доби Оскар

0

Ако мислевте дека таткото на починатата пејачка Ејми Вајнхаус би требало да биде среќен што филмот за неговата ќерка доби Оскар, се лажете. Тој жестоко го критикуваше филмот и според него не заслужил златна статуетка.

“Од секогаш сум бил горд на мојата ќерка, но таа нема никогаш да добие Oскар, само Асиф Кападија (режисер на документарецот). Во тоа е работата….во Асиф. Успеа сите да ги прелаж”‘, вели Вајнхаус.

“Не го менувам својот став само затоа што филмот доби Oскар. Тоа е негативна, срамна и лажен приказ на Ејми. Но ќе го поправиме тоа”.

Мич Вајнхаус на почетокот го подржуваше проектот, но кога ја видел конечната верзија во која се прикажува и падот во пеколот на зависности од дрога и алкохол на неговата ќерка, го смени својот став, велеjќи дека филмот него го прикажува како негативец.

Мич во јули најави дека и самиот има намера да сними документарец за животот на својата ќерка, кој како што вели ќе биде во поинакво светло.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.