Ми мириса на јорговани

0

Пролетта секогаш ми мириса на јорговани. Кога ќе ги видам расцветани, сакам да скинам еден куп гранчиња и целиот дом да ми мириса на јорговани, ама од друга страна ме фаќа жал да ја уништам романтичната слика на улиците по кои чекорам, па се задоволувам со гранче – две…

Летниот јоргован e грмушка од фамилијата Будлеи. Растението потекнува од северозападна Кина и Јапонија. Нашироко се користи како украсно растение, а се одгледуваат и многубројни сорти. И покрај името, ова растение не е јоргован. Грмушката на јоргованот може да достигне височина од 3, па дури и повеќе од 5 метри, но највообичаени се култивираните видови кои досегнуваат најмногу 1-1,5 метри затоа што се погодни и за помали градини. Летниот јоргован претставува важен дел од исхраната на многу видови на пеперутки.

jorgovani (1)

Како да одгледувате јоргован во вашиот двор?

Им одговара средно тешка, пропустлива почва, богата со хумус. Сака светлина, па убаво успева на сончеви или полусенчеви места. Многумина му забележуваат за краткиот период на цветање. Но и за тоа има трик. Едноставно, околу грмушката посадете соодветни други растенија како што се перуниките, клематисот и други, па на местото на прецветаниот јоргован веднаш ќе добиете нешто ново. Клематис е ползавица и за своето растење му треба потпора која може да биде токму грмушката на јоргованот. Во потоплите краишта јоргованот може да се комбинира и со рузмарин. Јоргованот најлесно се размножува од гранчиња. Оние одгледани од семе најчесто се користат како подлога за калемење. Размножувањето со гранчиња може да започне во април и почетокот на мај. Одберете една поцврста гранка која нема да се скрши ако ја свиткате. Тлото подгответе го за вкоренување на гранката: раскопајте го и ставете му хумус ако почвата е глинеста. Оној дел од гранката кој ќе влезе во земјата не смее да има листови – затоа на време отстранете ги. Кога ќе завршите со подготовките свиткајте ја гранката кон земјата, боцнете ја и закачете ја за да не се врати во првобитната состојба. Следната година на оној дел од гранката што бил боцнат во земја, ќе се развијат нови коренчиња и гранчиња.

Посадете си, дозволете да се радуваме на уште многу јорговани.

jorgovani (2)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот