Метју Пери не беше дел од екипата на „Friends“ во шоуто на NBC

0

Викендов на NBC каналот, актерите на познатата хит серија од 90-тите „Friends“ гостуваа во двочасовното шоу „Entertainment Tonight“.

Сите пријатели минус Метју Пери. За кратко се појавија многу прашања од страна на медиумите во врска со отсуството на Метју Пери, зошто актерот не е дел од екипното јавно собирање после долго време. Но, подоцна сите овие прашања беа одговорени со изјавата:

„Метју Пери се наоѓа во Лондон и работи на неговата нова претстава „The End of Longing“- изјави неговиот портпарол за “Entertainment Tonight”.
Тој исто така додаде дека каналот NBC пред тоа бил информиран за отсуството на Метју Пери, но дека и покрај тоа шоуто се одржало.

За време на двочасовната емисија, екипата испрати поздрави до актерот:
„Ни недостасуваш вечерва пријателе“- изјави Мет Лебланк пред камерите на “Entertainment Tonight”.

Публиката беше многу возбудена кога дозна дека сепак екипата ќе биде собрана на едно место, но тие останаа разочарани кога на крај дознаа дека се работи само за двочасовно шоу на NBC.
Metju-PERI

Критиките на медиумите не им одеа во полза на некогашните пријатели, коментирајќи дека очекувањата не биле исполнети.

Репортер на  „Гардијан“ за NBC изјави дека двочасовната дружба на екипата било најдосадното нешто што некогаш го гледал на телевизија. Репортерот на “Daily Beats’s” пак изјави:
„ Наместо да се потсетиме на карактерите од мега серијата „Пријатели“, ова собирање на актерите претставуваше чуден момент и раскажување на нивниот живот 12 години по завршување на последната, 10-та сезона на серијата“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.