„Метафори на постоењето“ македонско-полска изложба во Велес

0

Вчера вечер во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата насловена „Метафори на постоењето“ на ликовните уметници од Македонија Стојче и Емилија Тоциновски и нивните колеги од Полска, брачните парови Олга Лалич Кравицка и Камил Кравицки, Јаина Смола и Марин Смола  и Јакуп Неиџела. Тие се претставија со 18 дела со различни изработки и техники: акрил на платно, фотографија, цртеж и компјутерска графика.

Инаку изложбата е во организација на Народниот музеј, а првично во декември беше отворена во КОРА при Домот на градежници во Скопје. После Велес, во наредните месеци се во преговори да ја презентираат и пред ликовната јавност во Полска.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.