Место кое создава спомени – комплекс „Михајлово“

0

Се сеќавате на одморите кога бевте деца и кога едвај ја чекавте дружбата во одмаралиштата каде се нижеа безброј возбуди и спомени на кои и денес се навраќате? Летните и зимските распусти кои секогаш беа различни едни од други, но еднакво очекувани во текот на годината.

Утрата во кои се креваше знамето и се пееше химната на Македонија, појадоците на кои се раскажуваа спомените од претходната вечер, симпатии кои се создаваа во секоја минута…

Едно од нив е одмаралиштето „Михајлово“, сместено во пазувите на Кожуф планина. Сигурно голем дел се сеќаваат на своите детски моменти поминати токму на ова место.

На голема радост на сите, летово се врати на туристичката мапа на Македонија, не само како одмаралиште, туку и како како хотелски капацитет отворен за сите патници, намерници и вљубеници во планинскиот туризам.

 

15401346_10211997373917524_1010838962_n

Лоцирано на 40 километри од Кавадарци  со комплетно реконструиран пат, на надморска височина од 1200 метри, опколено со стара борова шума, „Михајлово“ ќе Ви понуди прекрасен престој во целосно реновирани и хотелски адаптирани соби, вкусни оброци подготвени на традиционален начин во со ХАСАП стандардизиран ресторан, спортски терени, пешачки стази, услови за планински велосипедизам…

Што се однесува до хотелското сместување, секој апартман има сопствена тераса со прекрасен поглед кон Кожуф планина. Овде ќе почувствувате што е навистина одмор.

15398819_10211997373717519_1616633818_o

Имате можност да изберете пансионско сместување (спални и трокреветни соби), вклучени 3 оброка,  користење на спортските терени за (кошарка, фудбал и пинг понг), сателитска телевизија, интернет конекција (Wi-Fi), топла вода 24/7 и паркинг простор.

Детското одмаралиште  „Михајлово“ согласно својата програма за работа организира летување во 9 смени.

15337622_10211999200963199_1063811301969670774_n

Понуда вклучува 8 полни пансиони со три оброка и ужина во реновиран и со HASAP стандардизиран ресторан, престој во целосно реновирани соби со комплетно нов ентериер, 24 часовна здравствена заштита од доктори специјалисти како и присуство на дежурно амбулантно возило, излети по планининските патеки, како и организирање на културно-забавни, спортски и едукативни активности.

15417819_10211997373837522_758436942_o

15369089_10211999201683217_4597232900980538257_o

Вклучува пансионско сместување, вклучени 3 оброка + ужина, користење на спортските терени за (кошарка, фудбал и пинг понг), топла вода 24/7 и вклучен превоз до одмаралиштето “Михајлово”.

Сега повеќе не мора да ги барате дестинациите во соседните земји бидејќи имате можност да го доживеете одморот на сосема поинаков начин. Со семејството, пријателите, во убаво друштво – изборот е Ваш.

15384460_10211999201123203_8979620217037283320_o

„Михајлово“ ќе даде ново значење на оваа сезона и ќе донесе нови спомени во вашите семејни албуми.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.