Видео рецепт: Месо со зеленчук во слатко-кисел сос

0

Брз ручек на кинески начин, месо со зеленчук во слатко-кисел сос.

Потребни состојки:

  • 300 гр. свинско каре
  • 1 лажичка нишесте
  • малку сончогледово масло (може и сусамово)
  • За СОС ќе ви треба:
  • 100 мл. доматен сос
  • 200 мл. вински оцет
  • 9-10 лажици кафеав шеќер
  • зелена пиперка
  • 1 кромид
  • 1 ананас
  • Ќе ви треба и: 1 пакетче нудлиПодготовка

    Чекор 1: Месото ќе го исечкате на тенки шнитови. Маринирајте го во нишесте со масло.

    Чекор 2: На коцки исечкајте ја пиперката, кромидот и ананасот. Треба да бидат иста големина.

    Чекор 3: Во садот за сос сипете го доматното пире, оцетот и шеќерот.

    Чекор 4: Во Вок тавата ставете малку повеќе растително масло. Растителното масло е поотпорно на температура. Пржете го месото околу 15 минути.

    Чекор 5: Нудлите ставете ги во зовриена вода само две минути.

    Чекор 6: Во Вок тавата со месо додадете го сосот, потоа додадете ги нудлите и сервирајте.

    СОВЕТ: Доколку не сакате свинско, овој рецепт може да го подготвите и со пилешко или телешко месо.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот