Месечината е постара отколку што сме мислеле – науката излезе со нови сознанија

0

Месечината е единствениот природен сателит на планетата Земја и најблиско небесно тело до неа. Просечното растојание од Земјата до Месечината изнесува 384.400 км, така што светлината од Месечината до Земјата пристигнува за 1,25 секунди.

По површина, таа е 14 пати, по обем е 50 пати, а по маса е 80 пати помала од Земјата. Гравитацијата на Месечината е шест пати помала отколку онаа на Земјата.

На Месечината нема атмосфера за да може да се пренесува звук, а поради немањето атмосфера многу брзо се лади и се загрева. Во текот на еден месечев ден, кој трае 14 земски дена, температурата се искачува на +120 °C, а во текот на ноќта се спушта до -160°С. Токму овие промени се причина нејзината површината да биде пустинска и безживотна, составена од карпи и длабок слој на прав.

Науката излезе со нови вести околу настанувањето на Месечината. Имено, истражувачки тим од УКЛА објави текст во “Science Advances” во кој стои дека анализата на примероци од Месечевото тло која на земјата ја донела мисијата Аполо 14 во 1971 година, покажува дека Месечината настанала 60 милиони години по настанувањето на Сончевиот систем.

Со тоа се проценува дека единствениот сателит на Земјата е многу постар отколку што се мислело, а проценката е помеѓу 40 и 140 милиони години, односно дека станува збор за старост од 4,51 милијарда години.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот