Месечина: Можеби емоциите премногу влијаат врз вашите проценки?

0

Картата со бројот 18 претставува напуштен крај, морничав и застрашувачки. Токму пред нас, во мрачните води страшен рак со раширени клешти е подготвен да ни го спречи патот. Од другата страна на оваа вода, две кучиња, бесно лаејќи, го вардат пристапот до двете златни кули кои го означуваат влезот во Вечниот град, крајната дестинација на нашиот јунак. А, него, како и на претходната карта, го нема. Неговиот ум сѐ уште е потопен. Нема ниту една човечка фигура што би можела да му дојде на помош. Ова е најдепресивниот момент на неговото патување. Двете златни дрвја во далечината чинат една алузија на златниот цвет на бесмртноста, што јунаците од древната митологија традиционално го барале. Но, никој не може да ги дофати додека не премине преку водата и покрај двете бесни кучиња. Тлото од другата страна е нова земја, досега неистражена и непозната. Јунакот мора да зачекори на слепо. Неговата единствена надеж лежи во ликот на темната месечина, обиколен со боите на виножитото, симбол на надежта и ветувањето. Ако ја познавате митологијата оваа карта би можело да слободно да ја поврзе со Артемида, мирната божицата на месечината, роднина и пријателка на Хеката, црната волшебничка чии пси би растргнале секого. Јунакот не може и не смее да повреди ниту едно животно. Мора да најде други начини да се разбере со својата интуитивна и инстинктивна страна за да може да напредува понатаму. Едно решение е да згазне врз цврстиот оклоп на ракот и да скокне на другата страна. Но, за таквиот скок ќе му биде потребно многу време.

 

Порака: Пред сѐ, месечината предупредува да не се залажувате. Би требало да се запрашате дали живеете во илузии? Присуството на ракот укажува на внатрешен страв и немир, кои го спречуваат позитивниот психолошки развој. Можеби емоциите премногу влијаат врз вашите проценки.

Подготови: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.