Месечен хороскоп за февруари

0

Што носат ѕвездите за секој хороскопски знак во февруари?

Овен

На деловен план работите ќе се вратат во нормала. Ви следи период со помала напнатост и повеќе активности. Забавете го темпото за да ги соберете плодовите од вложениот труд. Ќе имате голема поддршка од семејството и пријателите. На љубовен план ве очекуваат изненадувања и многу свежа енергија. Ако сте сингл, одлично време за флерт е околу 17 февруари.

Бик

На работа нижете успеси на секое поле. Тоа ќе ви ја зголеми самодовербата. Мислите дека можете да направите се што ќе замислите. Помеѓу 1 до 5 февруари избегнувајте непотребни патувања. Веднаш по 5 февруари ќе се случи нешто неочекувано на љубовен план или ќе стекнете нов пријател. Ова е одлично време да се посветите на семејството.

Близнаци

Од 19 февруари ве очекува напорна работа, бидејќи во овој момент сте најпродуктивни. Вашите надредени ќе бидат воодушевени од вашите идеи. На љубовен план ве очекува големо изненадување, особено ако не сте во врска. Не одете со глава низ ѕид. Здравјето конечно ќе ви биде добро.

Рак

Повеќе ќе се грижите за другите отколку за себе. Можен е повик од странство, дури и патување надвор од земјата. Можно е да добиете поголема сума пари. Ова е одличен период за вас ако ве интересираат недвижнини. Ако пак имате долгови – вратете ги парите. Партнерот ќе ви биде голема поддршка овој месец, особено кога ќе треба да им се радувате на деловните успеси.

Лав

Сега ќе ги реализирате сите ваши планови кои сте ги започнале минатиот месец. Можете да почнете и нов проект. Семејството ќе ви биде на прво место, а љубовта малку ќе ја запоставите. Обидете се да најдете баланс меѓу двете. Посветете се на вежбањето. Доведете се во добра физичка форма.

Девица

Ова е особено добро време за нови проекти, нова работа, нови договори. Лесно ќе стигате до вашите цели. Ако барате работа, ќе ви се отворат можности за вработување. Ќе бидете опкружени со креативни луѓе. На љубовен план не очекувајте промени. Но, внимавајте на рацете, зглобовите, вратот и колковите.

Вага

Сега е време за некој нов проект или за нова бизнис авантура. Но, работата нека не ви биде единствениот приоритет. Уживајте во животот, патувајте ако ви се укаже можност. Доколку барате нова возбуда, најповолен период ќе биде по 19 февруари. Ќе бидете романтично расположени, но не очекувајте „огномет“. Здравјето во текот на месецот ќе ви се поправи.

Скорпија

Ова е вистинско време идеите да ги спроведете на дело. На деловен план ќе напредувате од 8 до 22 јануари. Обрнете внимание на другите и нивните желби, не само на себе. Љубовта ќе ве води секој ден од месецот. Ве очекува средба со нова личност која ќе ви внесе голема промена во животот.

Стрелец

Овој месец обрнете повеќе внимание на себе отколку на околината. Искористеете ги понудените шанси, започнете сопствен бизнис. На емотивен план нештата одат во позитивна насока. Ве очекува убав романтичен период. Сепак, парите ќе ви бидат поважни од личноста.

Јарец

Вашите амбиции ќе испливаат на површина. Успехот на работа е неизбежен. Можно е да добиете нова понуда за работа или за патување во странство. Нештата на полето на љубовта се стабилни и мирни. И не ви се во прв план. Можна е настинка кон крајот на февруари.

Водолија

Овој месец ќе прифатите нови предизвици, посебно ако сте родени меѓу 20 јануари и 8 февруари. Ќе напредувате во кариерата, но ќе ги запоставите пријателите и семејството. Ако сте во врска, нештата нема да се сменат, но ако сте сингл – на повидок е ново познанство што може да прерасне во врска.

Риби

Со сигурни чекори одите напред и лесно ги постигнувате сите цели. Секоја пречка можете да ја надминете. Но, дури кон крајот на месецот. Посветете му се повеќе на партнерот, бидејќи оддавате впечаток дека го запоставувате. Овој месец ќе обрнете големо внимание на физичкиот изглед – почнете да одите во теретана.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот