Ментални болести и нарушувања низ илустрации со спојувалки

0

Експертите го дефинираат поимот „ментално нарушување“ како сериозно пореметување во размислувањето, однесувањето и емоциите. Оној што има ментално нарушување обично не може да воспостави нормални односи со другите и да се носи со секојдневните проблеми.

Важно е да се напомене дека менталните нарушувања не се резултат на лична слабост или карактерна маана и на тие луѓе им е потребна стручна помош, за да можат да живеат здраво и спокојно секојдневие.

Од ментални нарушувања страдаат стотици милиони луѓе во светот, а тоа се одразува и врз нивните најблиски. Иако за најчесто ментално нарушување е увидена депресијата, денес се повеќе луѓе страдаат од анксиозност.

Ајзен Бернардо, графички дизајнер и илустратор на детски книги, направил мал проект во кој се обидела сликовито да ги прикаже менталните нарушувања, за да се подигне свеста за нивното постоење.

Спојувалките за хартија биле неговиот избор поради нивната симболика да ги ”спојуваат” нештата заедно, иако привремено.

„За мене, спојувалките повеќе го симболизираат животот, бидејќи имаат почетна точка и крајна точка. Исто така, постои и правец на движење што може да прикаже како луѓето го живеат со својот живот.“ -вели Ајзен.

Во прилог погледнете го резултатот…

Пореметување во исхраната

Пореметување во исхраната

 

Опсесивно-компулсивно растројство

Опсесивно-компулсивно растројство

Дисоцијативно нарушување на идентитетот

Дисоцијативно нарушување на идентитетот – или Нарушување на повеќе личности


Депресија

Депресија

 

Биполарно растројство

Биполарно растројство

Анксиозност

Анксиозност

 

Злоупотреба на супстанци

3лоупотреба на супстанци

 

Посттрауматско стресно нарушување

Посттрауматско стресно нарушување – ПТСД

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.