Менструацијата ви открива какво породување ве очекува

0

Менструалните болки се неизбежни за повеќето жени. Некои жени имаат грчеви кои траат неколку саати и не се многу силни, а некои пак чувствуваат толку силни болки заради кои не можат да станат од кревет.

Mеѓутоа, болките кои ги чувствувате за време на менструалниот циклус укажуваат на нешто, а тоа е какви породилни болки ве очекуваат во иднина.

Менструалните болки и породилните се поврзани. Еве како:

Почетната фаза на породилните болки е многу слична со менструалните болки. Единствена разлика е во тоа што за време на менструацијата болките се со константна јачина, додека пак породилните болки стануваат се појаки се додека бебето не излезе. Изјавува др. Даша Филдер.

Ако се прашувате како се поврзани овие две работи одговорот се наоѓа во отворот на грлото на матката – вели др.Филдер. Всушност, кога сте во најјака фаза на менструација, т.е. кога најмногу крварите, за да излезе крвта, отворот на грлото на матката се проширува за околу еден сантиметар како би му се олеснил тој процес на телото. Токму поради овие причини чувствувате болка за време на менструалниот циклус.

Меѓутоа за време на породувањето, грлото на матката мора да се отвори околу 9 сантиметри, како би излегло бебето надвор. Затоа докторката вели дека ако не чувствувате болки во моментот кога најмногу крвавите тогаш може да очекувате послаби болки за време на породувањето.

Породилните болки се циклични и контракциите доаѓаат најчесто на половина час или 20 минути. Што е слично со менструалните болки.

„Поминав низ ова веќе три пати. Родив три деца, така што зборувам како доктор и како мајка“ вели др. Филдер.

Таа истакнува дека на породувањето јаките болки почнуваат кога жената ќе се отвори околу 7 сантиметри. Со оглед на тоа дека секоја жена различно ги доживува менструалните болки и породувањето, така и болките кои ги чувствуваат дамите се поинакви.

Извор kurir.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.