Мекици за новиот член на Скопската Зоолошка Градина!

0

Скопската Зоолошка Градина неодамна го доби својот нов член – се роди мајмунче од видот белорак гибон.

Во саботата имаше симпатично изненадување – како што е редот, Gibon Slaklaines Macedonia ги почестија посетителите на Зоо со мекици!

Традиционално со раѓањето на бебе, Гибон Слеклајнс “замесија” мекици и ги поканија сите да дојдат во Зоолошката градина во Скопје за да го прославиме среќниот момент. Сите посетители, освен со мекиците и балоните, имаа можност да уживаат и со шоуто кое го приреди Филип правејќи трикови на слеклајн.

Децата имаа можност да се забавуваат и да се качат на слеклајн лентата и сами да искусат што значи да се балансира. На забавата од слеклајн не останаа имуни ни возрасните – вистинска забава за целото семејство!

Gibbon Slacklines Macedonia се официјални застапници на Gibbon Slacklines, најпознатите производители на слеклајн опрема кои го променија текот на слеклајнот како спорт. А кај нас, по нивните стапки продолжуваат Gibbon Slacklines Macedonia и SportInn.

Оние кои сакаат да дознаат повеќе за оваа дисциплина “скок” до официјалната веб страна на SportInn и Facebook фан страната на Gibbon Slacklines Macedonia.

Малото гибонче моментално е во карантин, заедно со гордите родители. Посетителите на Зоо Скопје можат да ја видат неговата постара сестра која прави исто толку добри трикови скокајки како и Филип.

Се чека на кумот за име 🙂

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.