Механизми за надвладување на стрес

0

Колку пати на сите ни е дојдено преку глава од се? Доживуваме стрес на работа, дома, секој први кога ке ни стигнат сметките. Најдобар начин за надминување на стрес е да научиме како да се справуваме со него. Најчесто сите ние реагираме погрешно, така наместо да го надминеме стресот ние уште повеќе се изложуваме на стресни ситуации.

Нема да го надминеме стресот доколку се бориме против него, тоа е маѓепсан круг на фрустрација-лутање-агресија-напад-деструкција-фрустрација. Често луѓето бегаат од стресот, меѓутоа стресот не може да се избегне, бегањето е регресивен начин на реагирање кој е поттикнат од страв и несигурност, и го следи отпор-бегање во имагинација, бегање во болест, зависност, пасивност. Блокираност е уште еден неуспешен начин на реагирање на стресна ситуација. Блокираност претставува физичка и психичка одземеност и шок проследен со депресија, беспомошност, чувство на вина, замор. Овие начини не водат кон справување со стресот.

Одредени типови на поведение се ефективни начини на справување со стресот.

Активност. Активноста сама по себе има лекувачко дејство. Во исто време на овој начин се одржува позитивна слика за себеси. Активноста овозможува празнење на постојаната напнатост и вознемиреност. Исто така и се намалува чувството на беспомошност истовремено активноста значи и структуирање на времето што само по себе претставува надминување на хаосот. ( пишување, вежбање, чистење, сликање, пеење)

Постои едно погрешно сфаќање, според кое кога на луѓето им е тешко не треба да ги тераме да зборуваат за тоа, односно народски да ги оставиме на мира. Меѓутоа комуникацијата има големо лекувачко дејстфво. Преку експресија на емоциите доаѓа до нивно празнење и воспоставување на контрола врз ситуацијата. Не попусто се вели товар поделен, претставува товар преполовен.

Мислењето исто така има позитивен ефект во справување со траумата, кое е орјентирано кон градење на самодоверба и позитивни очекувања (надеж).

Голем ефект има и воспоставување на системи на поддршка.

За децата тоа особено нивното семејство како и група на врсници и другари. Се смета дека и луѓе кои случајно се нашле заедно зафатени од ист трауматски настан можат меѓусебно да си помогнат како заемна поддршка.

Стресот предизвикува одредена реакција. Создава физичка тензија која ја зголемува анксиозноста и нивото на стрес се покачува.

Најдобар начин да се скрши овој маѓепсан круг е релаксацијата. Релаксацијата може да се остварува низ дишење (полно дишење во удобна положба) или пак со мускулна реласација (наизменично згрчување и опуштање на група мускули).

Подготви: Марија Алексиќ

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.