Медитацијата е поделотворна и од морфиумот

0

Две последователни американски истражувања од тим на психијатри,  покажаа дека медитацијата e подобра од морфиумот и другите лекови за намалување на болката. Морфиумот како опијат влијае на рецепторите за болка во мозокот. Тој во организмот предизвикува намалување на болка, и се користи како анестетик и аналгетик при сериозна операција. Но, морфиумот предизвикува и физичка и психичка зависност.

Од друга страна, медитацијата треба сериозно да се земе во предвид како дополнување на другите форми на справување со болката, дури и за хроничната болка. Медитацијата има многу позитивни страни: бесплатна е, не предизвикува зависност, и не предизвикува никакви несакани ефекти. Покрај ова, медитацијата може да се научи многу брзо, и има подолготрајни ефекти, дури и кога човек не медитира многу редовно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот