Медитација: техника посилна од антидепресивите

0

Постои лесен и ефикасен начин , преку кои ќе се намали нивото на стрес , депресија и болка.

Откако ги разгледаа резултатите од 47 претходни студии , професор Џон Хопкинс и неговиот тим дојдоа до заклучок дека медитацијата ја намалува анксиозноста, депресијата и стресот и е подеднакво ефикасна како антидепресивите.
Овие анализи се објавени во магазинот „Journal of the American Medical Association Internal Medicine“.

Постојат различни начини на медитација, но сите тие имаат една заедничка цел- постигнување на баланс помеѓу умот и телото.
Најефективна медитација се покажала „mindfulness“ -комплетност на умот, а се фокусира на сегашниот момент.
Овој тип на медитација потребно е да се практикува 20-30 минути дневно за да ги почувствувате резултатите, односно позитивното чувство и опуштање на умот и телото.
dailymeditation-energymuse

Научниците велат дека повеќето луѓе мислат дека медитацијата е само мирно седење, што е далку од вистината.
Медитацијата претставува активен тренинг на умот за зголемување на фокусот и будноста на умот.
Постојат различни програми на медитација во склад со умот и телото, а истото се постигнува на поинаков начин.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.