Медитација и јога на работното место-да или не?

0

Многу корпорации почнаа да ја застапуваат идејата за „духовност“ на работното место и да го трансформираат работниот простор. Успешните луѓе кои уживаат во материјалниот комфор често заклучуваат дека тоа веќе не е доволно и сега бараат некоја подлабока смисла.

Така на пример „Apple“на вработените им дозволува секој ден да издвојат по 30 минути за медитација на работното место, нудат онлајн часови по јога и медитација и им овозможуваат користење на посебни простории за таа намена.

Google“ има програма која се вика „Потрага по себе“, а која им помогнала на повеќе од 500 вработени да научат како правилно да дишат, да ги слушаат своите соработници и да ја поправат емоционалната интелигенција.

Nike“ на вработените им овозможува пристап до простории за релаксации кои може да ги користат за кратка дремка, молитва или медитација. Како додаток на тие „тивки“ соби, може да вежбаати јога без притоа да мора да го напуштат работното место.

Големите корпорации веруваат дека со помош на овие методи ќе го намалат стресот кај вработените и ќе допринесат поразумно да размислуваат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот