Медијација – мирно решавање на спорови

0

Конфликтите се составен дел на нашиот живот. Тие можат да ги ослабнат врските со околината односно да ја нарушат рамнотежата на кохезијата во една заедница. Конфликтите стануват се почести, со поинтензивни емоции и имаат се посериозни последици што често доведува до насилство.

Медијацијата е вид на алтернативно решавање на спорови, во која по мирен пат со преговори на страните во спорот, во присуство на трето лице-медијатор се решаваат спорови.

Медијација се смета за еден од најефикасните начини на решавање конфликти. Статистички гледано 80% од спорови во медијација завршуваат успешно.Медијацијата се карактеризира со ненасилност во комуникација, толеранција и меѓусебно разбирање при што се наоѓа решение за настанатиот конфликт. При тоа сите страни се чуствуваат како победници, што доведува до подобрување на односите за во иднина. Оваа постапка се спроведува само доколку страните засегнати од конфликот се согласат на истата.

Медијација претставува вон судско решавање на спорови која е најпогодна да се применува во имотни спорови, семејно насилство, спорови повржани со заштита на животна средина, спорови од мало значење, мобинг, дискриминација. Бројните предности на оваа постапка ја праваат ефикасна и достапна за секој.

Нејзините предности се согледуваат во:

Брзина– додека еден случај во рацете на адвокатот и судот можат да траат со месеци па дури и години, спорот со медијација може да се реши и за еден ден.

Трошок- По краток временски период значи помалку трошоци, надоместокот кој му е исплатен на медијаторот е помал од оној што се исплатува за финансирање на судските процеси.

Доверливост- иако судските сослушувања се јавни, медијацијата е строго доверлива.

Флексибилност– не постојат дадени правила по кои треба да се водат страните и медијаторот, со што им е овозможено слободно изразување и изнаоѓање на сопствен пат за заедничко решение

Подобра комуникација– меидјаторот ги поттикнува страните слободно да се изразуваат, за да ја разберат суштината на проблемот и да воспостават рамнотежа на нарушениот однос

Еднаквост– во овој процес сите се еднакви, нема одредени улоги како во судскиот процес

Добивка–  крајниот резултат е win-win затоа што самите страни изнаоѓаат решение кое е соодветно и им одговара и на двете засегнати страни со спорот.

 Процесот на медијација е неформален. Страните можат во било кој момент да се откажат без никакви последици. Доколку се постигне договор страните потпишуваат договор и си подаваат рака во знак на успешно решен конфликт.

Подготви: Марија Алексиќ

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот