Медицинскиот јаглен – одличен за избелување на забите

0

За оние кои посакуваат бисерно бели заби без притоа да користат хемиски гелови или скапи ласерски третмани, овој стар, домашен метод за избелување е совршен за вас.

Јагленот е познат со векови и одамна се применува во медицината. Порано докторите препорачувале да се користи јаглен како лек за труење, а индијанците го користеле за кожни инфекции. Активниот медицински јаглен има широка примена поради својата способност да извлече на својата површина други супстанци и да ги задржи таму.

Активниот јаглен се добива со карбонизација на кокосов орев во парни комори, при што се отвора, му се зголемува површината и затоа може да привлече повеќе материи. Истиот ефект, заради огромната моќ на впивање, со забите ефикасно и сигурно ги отстранува наслагите на нечистотија, бактерии и флеки, па така и ги избелува.

Нема негативни нуспојави, а Американската агенција за храна и лекови го стави јагленот во прва категорија (онаа која означува сигурни лекови) на супстанци за примена при случај на акутно труење.

Овој метод е стар, проверен, сигурен, евтин и достапен. Многу луѓе кои го користеле активниот јаглен за избелување на забите, ја забележале ефикасноста и едноставноста на овој процес.

Позитивните резултати се видливи и по првата употреба. Ако се практикува почесто, ефектот ќе биде уште поизразен.

Исто така, треба да се напомене дека за разлика од други популарни и непрофесионални средства за избелување на забите, активниот јаглен нема негативни последици.

Метод за избелување заби со активен јаглен:

Активниот јаглен може да се купи во аптеки и продавници за здрава храна во облик на апче или капсула по пристојна цена. Содржината од 1 капсула истурете ја на влажна четка за заби или џвакајте 1 апче, па почнете да ги четкате забите 3-5 минути.

Активниот јаглен нема вкус, па затоа овој процес нема да би биде непријатен (освен можеби интензивната црна).

Добро исплакнете ја устата и забележете ја разликата. Оваа постапка повторувајте ја еднаш дневно – 5 пати по ред.

За да ги одржувате забите бели, доволно е еднаш во 2-3 месеци да ја повторите оваа постапка од 5 дена.

Покрај избелувањето заби, третманот со активен јаглен го отстранува и непријатниот здив.

 При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.