Мечтата на секоја жена е да стане најдобра верзија од себе

0

Која е целта на Estee Lauder? Да се подготви и засили мечтата на секојa жена да стане најдобра верзија од себе. Нејзина е репликата “За мене едукацијата за убавина секогаш била емотивно искуство”.

Токму со таа цел вчера се одржа првиот дел од обуката за овој бренд каде преку интерактивна настава присутните можеа да научат многу повеќе и да се се надградат себеси во тоа што го работат. Тренер беше Маја Божовиќ од Хрватска која на интересен начин ги презентираше козметичките новитети и трендови на Estee Lauder.

12924550_10209695596694532_3341684143319322956_n 10400046_10209695554293472_3380680575121057350_n

Го погледнавме и видеото со Кендал Џенер каде таа го промовира сјаjот за усни Pure Color Envy Gloss. Интересен беше податокот за нејзиниот придонес кон брендот изминатата година односно како Кендал ја привлече и помладата публика и ги помести стандардите кон перцепцијата за овој бренд.

Беа прикажани и нови техники на шминкање каде посебен акцент се стави на строубинг техниката која на природен начин ја истакнува убавината на секоја жена.

12718004_10209695585934263_1642403291600750523_n 12512673_10209695599814610_6988192434841375180_n

Сè на сè позитивен одзив од присутните, кој ќе придонесе кон подобрување на нивната работа во однос на клиентите и третманот кон нив.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот