Мажите со брада не се веќе ин

0

На крајот на годината, кога се израмнуваат сметките, ни козметичката не заостана зад другите индустрии.

Тие деновиве го кажаа својот збор – мажите со долга, густа, убаво негувана брада не се веќе ин. На нивно место доаѓаат мажите со свежи избричено лице и „бебешки“ изглед.

Доказ за ова се и сè поголемиот број мажи кои купуваат средства за бричење, наместо средства за негување на брадата.

И ќе се согласите, мажите со брада се секси, ама има нешто многу привлечно и во мажите кои изгледаат помладо и поневино само затоа што немаат брада.

Според Британците, кои се предводници на овој нов тренд, најголема „вина“ за новиот изглед на мажите има Дејвид Бекам.

Оваа фудбалска икона со својот изглед покажа дека мажот може да биде фраер и со убаво средена фризура, со негувано лице и тело. Ова не значи дека метросексуалците, чиј предводник беше токму Бекам, се враќаат на голема врата, едноставно, мажите почнуваат да се грижат повеќе за себе и за својот изглед.

Бекам беше и еден од мажите кои го поттикнаа пуштањето брада пред неколку години, кога секаде во јавноста се појавуваше неизбричен.

Ако е трендот да се биде без брада, драги мажи, време е да го покажете вашето вистинско лице.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.