Мажите не изневеруваат заради физичка привлечност

0

Ново откритие во областа на љубовта, врските и неверството – мажите не изневеруваат заради физичка привлечност кон друга личност, туку заради сопствена емотивната неисполнетост. Ова го тврди психотерапевтот Гери Њуман. Тој на основа на анкета во која учествувале 200 неверни мажи во врска, ако воопшто може да се верува во резултатите, тие рекле дека нивното неверство нема никаква врска со физичката привлечност.

Врз основа на тие факти, Њуман заклучил дека всушност почувствителната половина во врската се мажите, а не жените што е впрочем генерално прифатеното мислење. Ако во врската во која се наоѓаат воо момнтот не го добиваат потребното емотивно внимание, го бараат на друго место.

slide_321591_3021270_free

Според податоците, 48% од мажите своето неверство го правдаат на овој начин, додека 40% од нив задоволството пробале да го најдат на работното место со оглед на фактот дека колегите знаат да делат комплименти за нивниот успех.

Психотерапевтот истакнува дека физичката привлечност игра улога во поттикнување на неверството, но не во таа мера колку што се верува. 88% од мажите ја изневеруваат жената со помалку атрактивна жена.

Уште еден фактор влијае на неверството, а тоа е опкружувањето, односно дали се во круг на луѓе кои имаат искуство со вонбрачни врски или не. На крајот од се, 68% од мажите изјавиле дека се каат заради неверството кое го направиле и имаат чувство на постојана грижа на совест.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.