Мажите кои се женат за паметни жени живеат подолго

0

Кога размислувате за идеалната жена, кои се квалитетите што ги барате? Да биде добра? Вредна? Остроумна? Колку високо на вашата листа е „да биде паметна“?

Научниците велат дека ова би требало да биде многу високо на листата. Всушност, можеби би требало да ви биде најважно. Според нив, ако вашата жена е паметна, тоа може да ви го продолжи животот и да ја спречи појавата на деменција.

Професорот Лоренс Вејли, од Универзитетот во Абердин, на предавањето на тема „Деменција: како да се заштитиме“, рекол:

„На младите момчиња никој не им кажува дека ако сакаат да живеат долго – а кој не сака – тогаш би требале да се оженат со паметна, а не само со убава жена. За деменцијата не постои подобра одбрана против деменцијата од интелигенцијата.“

Ова не е само негова претпоставка, туку резултат на истражувањето што било спроведено на Универзитетот во Абердин. Испитувањето е извршено врз идентични близнаци и нивните жени. Резултатите покажале дека интелигентната жена е важен фактор во борбата против оваа дегенеративна болест. Тие откриле дека мажите што избрале да се оженат за паметни жени живееле подолго и посреќно. Истовремено, можноста да заболат од Алцхајметова болест и деменција биле сведени на минимум.

Испитувањето исто така покажало дека за мажите е многу важно да го „тренираат“ мозокот со крстозборки, судоку, логични игри.

Едно од најинтересните резултати од испитувањето е дека многу мажи кои биле женети со паметни жени покажале знаци на деменција при скенирањето на мозокот, но никакви знаци од ова заболување во реалноста. Всушност, во реалноста тие биле сосема нормални и потполно фукнционални.

Крајниот заклучок од ова испитување, но и од предавањето на професор Вејли е само едно – мажи, женете се за паметни жени!!!

Извор: iheartintelligence.com

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот