Мажите кои би можела да ги сакам

0

Како малечка не сонував за принцот. Всушност, си велев дека не сакам да се омажам и да бидам обврзана некому цел живот да му готваам, да го перам, да го пеглам, да го чекам да се врати од кафеана, а притоа да го љубам. Мислам дека машините за перење, валканата облека и мирисот на алкохол кога тој ќе си дојде дома пред зори ја уништуваат љубовта.

Кога пораснав, често размислував за тоа каков маж би можела да сакам, каков треба да биде човекот кој ќе ми украде парче од душата, оти цела не му ја давам.

Мажите кои би можела да ги сакам се мажите кои знаат да се смеат. Кои знаат да направат шега на своја сметкаа, да си ги признаат мааните, да знаат дека планетата не се врти околу нив.

Мажите кои би можела да ги сакам се оние кои со страст ја прават секоја раабота во животот. Од менување на светилка па сè до најважниот проект во нивната кариера.

Мажите кои би можела да ги сакам, сакаат да пијат вино покрај камин. Ја сакаат уметноста, ги знаат уметничките правци, делата на најпознатите сликари и нема да им пречи ако дома имаме ателје наместо маса за пинг-понг.

Мажите кои би можела да ги сакам треба да не знаат што е турбо-фолк. И да сакаат ноти на џез да струјат во воздухот во текот на целиот ден.

Мажите кои би можела да ги сакам се оние кои носат насмевка во погледот. Разбирање во дланките. Тишина во прегратките. Оние кои не се плашат од озборување и од тоа дека ќе настинат ако со часови набљудуваме ѕвезди надвор…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот