Мажите и жените различно ги доживуваат уметничките дела

0

Истражувањето објавено во магазинот „Psychology and Marketing“ имало за цел да утврди врз основа на што купувачите одлучуваат да купат одредено уметничко дело.

Испитаниците кои учествувале во истражувањето проценувале по две непознати слики, но биле запознати со биографиите на уметниците. Најголемиот дел од нив одговориле дека им се допаѓа стилот на уметникот. Она што е интересно е тоа дека испитаниците од посилниот пол оценката повеќе ја оснавале врз биографијата на уметникот, додека испитаничките врз основа на самото уметничко дело.

„Мажите гледаат на купувањето на уметнички слики како на инвестиција, додека жените ги купуваат за естетско задоволство.“ – вели др. Стефани Манго од Универзитетот во Мичиген. Таа потенцира дека жените сакаат да поминат низ процесот на анализа и проценка на уметничкото дело, а за мажите е доволно да знаат дека одреден уметник е добар како би купиле негова слика.

Неврологот Лиса Елиот пак смета дека нема конкретна невролошка разлика помеѓу мажите и жените кога станува збор за различните пристапи кон уметничкото дело. Нејзиниот став е дека тоа се должи на моментот што уметноста е „женска работа“ во последниве години и девојчињата често се одлучуваат да посетуваат часови по уметност.

„Веројатно поради тоа жените подбро се разбираат во уметничките стилови и техники“ – коментира др. Лиса Елиот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар