Мажи кои ќе ги остави секоја жена

0

Сигурно ви се случило да ве привлече згодно момче на кое не сте можеле да одолеете. Почнувате врска, пресреќни сте, за после извесно време да сфатите дека нема ништо од човекот кој сте го запознале и идеализирале во еден момент.

Физичкиот изглед станува неважен, а вие барате начин да избегате од “згодниот” фраер пред кого сте трепереле еднаш.

Има карактеристики кои не се толерираат во ниту една ситуација. Мажи, ако се однесувате вака многу брзо ќе останете сами.

Некултурно и безобразно однесување кон келнер

Ова е нешто кое може да се забележи уште на првото излегување. Ако се однесува грубо и безобразно кон непознат човек кој го служи, што мислите како ќе се однесува кон вас?

Ако зборува само за себе

Жените сакаат кога мажите се интересираат за нивниот живот и пасии. Ако тој зборува само за себе, тогаш местото не му е до вас.

Во кревет ги задоволува само своите потреби

Сексот е голем и важен дел од секоја врска. Ако тоа е себичен во сексот, ќе биде себичен во многу други работи.

Препотентност

Уште една карактеристика која не смее да се толерира.

Зборува лошо за поранешните девојки

Ги нарекува со погрдни имиња, кажува интимни моменти и работи кои му биле кажани во доверба. Не го сакате до вас, верувајте.

man

Ве понижува

Да, го има и ова. Ако ве понижува во секоја дадена ситуација, прашањето е следно: Што не е во ред со вас што се уште го трпите тоа?

Не одржува хигиена

Возрасен и зрел човек треба да знае како да се грижи за себе, односно кога е редно време да измие заби.

Во ред е да се има трпение и да се дава шанса на одредена личност, но има ситуации кои едноставно не смеете да ги живеете ниту минута повеќе од потребното.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот