Матица Македонска денеска прославува 25-годишен јубилеј

0

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во Скопје, вечерва во 19 часот книгоиздателството „Матица македонска“ ќе ја одбележи 25-годишнината од своето постоење.

Книгоиздателството „Матица македонска“ е формирана на 24 август 1991 година во време на голем национален ентузијазам, но и време на големи предизвици. Во изминативе години Матица објави преку 3000 наслови од сите сфери на општественото живеење, со над пет милиони примероци. Книгите на македонски јазик, освен на македонскиот пазар се достапни во книжарници и во библиотеки во Европа, САД и Австралија.

Во рамките на „Матица македонска“ опстојува уште една млада екипа која го основаше и го раководи Клубот Матица – клуб на читатели кој во моментов има преку четириесет илјади членови. Бројните активности, организирани на Булеварот на Книгите, придонесоа читателите да го препознаат како катче во кое го минуваат времето посветено на книгите и пишаниот збор. 

Во годините пред нас, „Матица македонска“ ќе го продолжи својот пат за промоција на македонскиот пишан збор, темелната вредност на едно современо општество; развој и промоција на млади автори кои ќе ги освојуваат светските книжевни височини.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.