Математичка ФОРМУЛА ЗА ЉУБОВ; Пресметајте колку ќе ви трае врската

0

Иако љубовта не е математика, а чувствата мошне тешко се опишуваат со бројки, научниците од институтот што се занимава со меѓучовечките односи, успеале да пронајдат вистинска математичка формула која би требало да открие колку е цврста вашата љубовна врска и колку ќе (или нема) да потрае.

Сакате ли да дознаете дали вашата љубов е онаа вистинската, земете моливче и хартија и потсетете се на основните математички правила.

Формула за љубов:

 

L=8+5Y-2P+9Hm+3Mf+J-3G-5 (Sm-Sf) 2+I+1,5C

Варијабли:

L= резултат т.е предвидено траење на вашата врска изразено во години

Y= број на години колку се познавале партнерите пред да започнат сериозна врска

P= број на претходни партнери на двајцата (вкупен број од двајцата)

Hm= Колку на мажот му е важна искреноста во врската (во скала од 1-5)

Hf= Колку на жената ѝ се важни финансиите во врската (во скала од 1-5)

Ј= Заеднички број колку е важен хуморот во врската (за двајцата од 1-5, а потоа се собираат вредностите)

G= Збир колку на двајцата им е важен физичкиот изглед (за двајцата од 1-5, а потоа се собираат вредностите)

Sm= Колку на мажот му е важен сексот во врската (во скала од 1-5)

Sf= Колку на жената ѝ е важен сексот во врската (во скала од 1-5)

I= Збир колку на двајцата партнери им е важен добриот однос со родителите (за двајцата од 1-5, а потоа се собираат вредностите)

C= Збир колку на партнерите им се важни децата (за двајцата од 1-5, а потоа се собираат вредностите)

Подготови: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.