Масло од диво оригано – природен антибиотик кој го штити здравјето

0

Ориганото е билка која луѓето најчесто ја употребуваат во сува варијанта. Но, тоа што станува поактуелно во последните во последните години е маслото од оригано, кое се повеќе се препорачува заради неговото моќно дејство кое го има врз здравјето.

Маслото од диво оригано содржи карвакрол – состојка која има негативно влијание врз микроорганизмите кои пак, имаат тенденција да предизвикуваат разни инфекции во нашето тело. Ефикасно ги спречува грипот и настинките, помага при воспаленија, намалување на болката и штити инфекции.

oregano

Други состојки кои ги содржи маслото од диво оригано се флавоноидите, кои имаат антисeптичко дејство. Маслото има позитивно влијание во третирање на болки и воспаленија предизвикани од артритис, хепатитис, синуситис, егзема, псоријаза и други воспалителни промени. Ги уништува бактериите на тој начин што не им дозволува да дишат.

Антиоскидантските својства, кои исто така ги поседува, влијаат на намалување на влијанието на слободните радикали, а во исто време го подобрува варењето на храната.

Уште една придобивка од маслото е тоа што содржи киселина од рузмарин, која е силен антихистаминик и моќен антиоксиданс и најчесто се користи во лечење на алергиските реакции.

Големи се придобивките од овој производ кој е апсолутно препорачлив и од лекарите како дополнителен начин за подобрување на здравјето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.