Маслиново масло и придобивките од секојдневната употреба

0

Маслиновото масло секојдневно се користи во исхраната, во салати, при подготовка на храната, но и во козметиката.

Позитивно нè изненадуваат истражувања кои откриваат се повеќе бенефиции од маслото речиси секој ден и тврдат дека здравствените придобивки од маслиновото масло се незаменливи. Всушност, ние само што почнуваме да ги разбереме безбројните можности на маслиновото масло со кои може да го подобриме нашето здравје и нашите животи. Маслиновото масло е камен-темелник на медитеранската исхрана – суштински нутритивна потпора за сите живи култури во светот.

Маслиновото масло ги убива ќелиите на ракот
Традиционално, исхраната со ниска содржина на масти е пропишана за да се спречат разни болести, како рак на дојката, срцеви заболувања и дијабетес.
Сега знаеме дека исхраната богата со мононезаситени масти, како оние што се наоѓаат во маслиново масло штити од многу од овие хронични заболувања.
Студијата објавена во научното списание Diabetes Care покажа дека медитеранската исхрана богата со маслиново масло го намалува ризикот од дијабетес тип II за речиси 50 проценти.

Маслиновото масло го штити срцето
Исхраната богата со маслиново масло всушност може да го забави стареењето на срцето.
Познат е фактот дека, како што растеме, срцето поминува низ нормален процес на стареење, така артериите може да не функционираат исто како порано и тоа може да доведе до голем број здравствени проблеми. Меѓутоа, во една неодамнешна студија, шпанските истражувачи открија дека исхраната богата со маслиново масло или други мононезаситени масти може да ја подобри артериската функција на постарите лица.

Маслиновото масло штити од депресија
Општо е познато дека маслиновото масло и медитеранската исхрана се многу корисни. Но, што е со емоционалните здравствени придобивки?
Според шпанските истражувачи од Универзитетот во Навара и Лас Палмас де Гран Канарија, исхраната богата со маслиново масло може да се заштити од ментална болест.
Истражувачите неодамна откриле дека поголем внес на маслиново масло и полинезаситени масти во маснотиите и растителните масла е тесно поврзано и штити од ризик на депресија.

Здравствените придобивки од медитеранската исхрана се објавувани во бројни студии, кои ги потврдуваат придобивките од честата употреба на маслиновото масло, затоа во вашето дневно мени ви го препорачуваме првото маслиново масло со производство во Македонија, Елико Олива Гарден.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.