Маски за лице од вашата кујна

0

Кога ќе го одредите својот тип на кожа, важно е да научите како правилно да ја негувате. Пред секој третман неопходни се неколку чекори: потполно и внимателно да го исчистите лицето, редовно да го хидратизирате, да направите ексфолијација или пилинг и да нанесете маска.

Маски за одредени типови на кожa

Сува кожа – измешајте една жолчка, лажичка мед, лажичка мајонез и лажичка матеница. Маската нанесете ја на лицето и оставете ја дваесет минути. Измијте со топла вода.

Масна кожа – измешајте каолин и вода со две капки природен јаболков оцет. Нанесете ја на лицето и оставете ја да дејствува дваесет минути. Маската го отстранува вишокот маснотии и ги прочиствува порите.

Чувствителна кожа  Имешајте лажица зрело авокадо и неколку капки бадемово масло. Внимателно нанесете го на лицето и оставете да дејствува 20 минути. Избришете со влажно памукче и измијте со млака вода.

За убавина – Нанесете мед на кожата на лицето и на вратот и држете ја петнаесет минути, а потоа исплакнете ја со млака вода. Кожата веднаш ќе биде помека и кадифена.

Ревитализација – Лажица мед, едно изрендано јаболко и половина банана. Кремот нанесете го на лицето и држете го до дваесет минути, а потоа исплканете со млака вода.

Пилинг од морска сол – на влажно лице нанесете неколку лажички морска сол, па внимателно втријте ја со мокро сунѓерче или со прсти. Посветете внимание на т-зоната (брада, нос и чело) и на образите, а избегнувајте ја областа околку очите. По две минути, измијте се со ладна вода, која ќе ги стесни порите.

Пилинг од зоб и шеќер Две лажици измелен зоб ставете ги во мелница за кафе. Измешајте го со две лажици алое вера и една лажица лимонов сок. Сè добро измешајте додека не добиете еднаква смеса. Внимателно втријте ја на влажна кожа, а по неколку минути, испакнете со топла вода. Овој пилинг може да го искористите и за целото тело, само ставете три пати повеќе од состојките.

Хидратантен крем околку очите

Внимателно негувајте ја кожата околку очите. Шминката отстранете ја со лосион или хипоалергиско млеко за чистење. Средството нанесете го со газа или памукче полека масирајќи, без триење. Оваа област на лицето бара посебен хидратантен крем, богат со хранливи состојки, кој ќе ја омекнат кожата и ќе го спречат предвременото стареење.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот