Машки трендови кои ќе доминираат претстојната сезона

0

Ви претставуваме топ 4 машки трендови кои ќе доминираат оваа сезона…

Влијанието на спортската облека е доста изразено веќе неколку сезони по ред. Модерните памучни тренерки станаа задолжително парче за секој маж.
Бидејќи тренерките не може да се носат за секоја прилика, модните дизајнери решиja да ни претстават совршен спој на спортски и формален стил.
Урбаниот изглед секогаш бил омилен, а оваа сезона често ќе гледаме и комбинации со „military“ стил и бомбер јакни од антилоп. Црната боја и сината ќе ја одбележат есенската сезона, а вие подгответе се за следните топ 4 трендови…

Антилоп

Антилопот е незаборавен елемент на сите колекции на познатите брендови за претстојната сезона. Разликата во однос на минатата сезона е во поинаквиот крој, бои и начинот на кој антилопот се комбинира со другите работи.

Најчесто се носи во вид на „бомбер“ јакна која дава луксузен изглед. Носењето на костим од ваков материјал не се препорачува особено по врнежливо време, бидејќи кога еднаш ќе се натопи овој материјал, станува навистина тежок. Но, совршен е за дневен, кежуал изглед.

maennermode-trends-2016-casual-street-style-men-s-fashion-london-spring
„Military“ стил

Маслинесто зелената боја продолжува со својата доминација, а оваа есен се препорачуваат џемпери вo војнички стил. За совршен изглед, носете само едно парче со ваква боја или дезен. Комбинирајте со неутрални нијанси.

gree-

Фармерки, какрирани кошули и пепито дезен

Ваквиот стил дефинитивно е број еден за сезоната која следи. Црвено- црн кариран принт, пепито дезен и фармерки со низок струк. Може да комбинирате и кафеани нијанси, а да одберете чевли во модерен планински стил.

22a42dd537ce67af9ab13cab2bc784b9

Кафеава боја

Њујорчаните се познати по тоа што сакаат црна боја, а Италијаните сина гардероба. Иако сивата неодамна доживеа вистински успех и популарност, во сезоната што следи хит ќе биде кафеавата боја.

Светлите и темните нијанси на кафеавата, дозволуваат слободен избор на комбинации и материјали. Така што, воопшто нема да имате проблем со изборот на облека оваа есен.

54e1b68a2d7c3f43d11d81889daab16b
При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар