MARTIN GARRIX – SKOPJE CALLING 2017: билетите во продажба од среда (22.02)

0

Сакаме да Ве информираме дека се познати сите детали околу влезниците за претстојниот спектакл SKOPJE CALLING 2017, на кој како хедлајнер е веќе најавениот #1 world dj MARTIN GARRIX.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре (22.02.2017) точно во 09 часот наутро, преку системот Купи Карти За Сè, како и преку глобалната мрежа на Eventim во Србија, Хрватска, Бугарија…

Билетите ќе бидат по следниве цени и категории:

ПАРТЕР  1000 денари
ФАН ПИТ 1500 денари
ВИП 1500 денари
УЛТРА ВИП  2000 денари

ВИП И УЛТРА ВИП влезниците ќе се продаваат исклучиво преку резервации, на телефонскиот број: 077/945505 (секој ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела), и на следниве email адреси: avalonmkevents@gmail.com и contact@kupikartizase.com

Иако има само 20 години, Мartin Garrix во моментов не само што е no.1 world dј и официјално, туку тој и со години наназад е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella, Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде настапува единствено како хедлајнер.

Светската слава ја стекнува на 17-годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Animals“, а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“ со Bebe Rexha и „Scared to be lonely“ во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.

Пред диџеј сетот на Garrix, на фестивалот Skopje Calling 2017 ќе настапат и повеќе имиња, меѓу кои и уште еден светски артист, како и диџеи од регионот кои ќе ја отворат вечерта.

На спектакуларниот настан SKOPJE CALLING 2017 се очекува да присуствуваат повеќе од 25 илјади посетители од целиот регион, бидејќи засега, ова е навистина ексклузивен настап на MARTIN GARRIX во регионот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот