“Марлон Брандо“ со нов спот

0

Македонскиот бенд “Марлон Брандо” го промовираше својот четврт спот за песната „Патувам“. Музиката и текстот на синглот е на Марко Соколовски, а аранжманот е на Димитар Маневски. Комплетниот видео запис е дело на продукцијата Дидако. „Темата на оваа балада е со силни емоции и јасна порака до сите нас, со надеж за подобро утре, за свет без војни. Сакаме нашата публика да е со позитивни мисли, да размислува за иднината, да живееме во свет каде ќе владее мирот“, вели фронтменот на групата Кирил Трајковски.

12516073_10153782072803936_427361375_n

Пратечките вокали за песната ги испеа Елена Милошева. Во спотот, покрај Кирил, главната улога ја има и текстописецот Марко Соколовски кој отпатува за Париз да го сними видеото. “Марлон Брандо” е состав кој до сега сними три видео записи за „Ех да можам“, „На планина“ и „Слободен уметник“. Изминатата година земаа учество на повеќе фестивали во Македонија.

Погледнете го видеото во прилог