Марко Чаласан- шестото најпаметно дете во светот

0

Странската организација „Best Schools“ го прогласи 14 годишниот Македонец, Марко Чаласан за едно од најпаметните деца тинејџери во светот. Во група која брои 50 деца од светот нашиот Марко се најде на 6-то место.

Последниве неколку дена сите светски медиуми зборат за детето од Балканот кој само на 6 години го има добиено првиот сертификат за компјутерски науки. Тој е компјутерски гениј кој веќе на своја 8-годишна возраст брои многу признанија и дипломи од Microsoft.
Марко на 2 годишна возраст почнал да чита и пишува а математиката и физиката му се омилени предмети. На 4 годишна возраст веќе се стекнува со знаење на англискиот јазик и течно го говори. Она што уште повеќе го прави „wonder kid“ е тоа што предава информатика на деца од 8-11 годишна возраст во неговото основно училиште. Течно зборува три јазици и моментално учи и четврт.
Премиерот на Ребулика Македонија му додели IT лабораторија каде што ќе може да го продолжи своето учење и развивање на неговите интереси.

Нашиот Марко е еден од четирите деца тинејџери кои не се по потекло од САД, а кои се најдоа на листата на „Best Schools“.
Првото место му припадна на Џек Андрака од Мерлиленд, САД.