Марк де Јонг во Скопје ќе готви за 200 гости!

0

Амбасадата на Франција и Францускиот Институт во Скопје, во соработка со Јавна соба во понеделник (21.Март) го организираат по вторпат настанот Вкусот на Франција – Goût de/ Good France.

По успешното прво издание во Скопје, Амбасадата на Франција сака овој настан традиционално да го одржува секоја пролет. Па така, познатиот готвач Марк де Јонг ќе подготви вечера за 200 гости.

ff

Настанот Вкусот на Франција е организиран по иницијатива на реномираниот готвач Aлен Дикас и на Министерството за Надворешни работи и Меѓународен развој, а ја истакнува уметноста на живеењето на француски начин, француските производи и ја валоризира Франција како дестинација.

Амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер во своето обраќање ќе зборува за содржината и значењето на светската гастрономска манифестација и ќе го означи почетокот на овој настан што ги истакнува богатството и убавината на француските региони. Стартот на настанот е закажан за 19 часот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.