Марион Котилард- минимализам и елеганција со француски акцент

0

Позната оскаровка Марион Котилард покрај способноста совршено да се прилагодува на секоја дадена улога, има и ненадминлив вкус за стил.

Таа е љубител на лежерниот француски стил што и помогна да завземе место во светот на модата како вистинска икона на стилот. За разлика од многу познати ѕвезди, таа изгледа одлично не само на црвениот тепих, туку и во секојдневниот живот.

Широки фустани
Љубител е на широките фустани и самата вели дека поседнува многу во пастелни нијанси. Здолништата со А крој ги комбинира со ниски чевли или сандали со високи потпетици. Таа вели дека многу често носи монохроматски бои за секојдневните прошетки и едноставни фустани без користење на многу украси.
Тоа ја прави да изгледа елегантно и модерно.

Рамен крој и овална силуета
Марион Котилар исто така е љубител и на здолништа со рамен крој и овална силуета. Најчесто ги носи во комбинација на блуза со откриени рамена и деколте, а нозете комплетно покриени со здолните.
Омилени и се здолништата „пенкало“ крој кои ја нагласуваат линијата на телото и женските облини.

Дневен изглед
Марион Котилард вели дека во секојдневниот живот сака се што носи прво да и е удобно. Фармерки и панталони во комбинација со кратка јакна, шалови и марами- сите овие елементи се составен и задолжителен дел од францускиот стил на познатата глумица. Таа е љубител на шеширите и обожува да ги носи и комбинира за дневен изглед и прошетка.

Свечени прилики
На црвениот тепих најчесто ја гледаме во елегнтни фустани од високата мода. Млечните и бисерните нијанси совршено и одговараат и ја истакнуваат нејзината женственост.
Таа е лице на Диор модната куќа, па најчесто може да ја видиме во фустани на овој бренд. Големо внимание посветува на квалитетот на материјалот, елегнтниот крој и минимализам на модните додатоци.

Фризура
Фризурата игра интересна и доста забележителна улога во кариерата и имиџот на оваа глумица. По неколку обиди и промени таа го задржи изгледот со романтични локни на средна должина на косата. Оваа должина совршено прилега на формата на нејзиното лице и францускиот шарм.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот