Mancera Paris – Онаму каде митовите се родени и иднината е креирана

0

Mancera е француски бренд на парфеми кој е релативно нов на пазарот. Постои од 2008-ма година и во својата колекција брои над 60 уникатни мириси. Она што ги прави парфемите на Mancera уникатни и посебни се скапоцените и луксузни состојки, ретки и рефинирани материјали, инспирирани од Art Deco дизајните.

Најновото што францускиот бренд го нуди се два мириса создадени за незаборавни летни доживувања. Ви ги претставуваме новите Mancera парфеми: Precious Oud и Soleil D’Italie.

PRECIOUS OUD
Рефинирана мандолина која ги ослободува зачинетите ноти на јасмин, бергамот, какао и кафе, оставајќи суптилни траги на виски и ванила на кожата.

SOLEIL D’ITALIE
Современ мирис инспириран од италијанско патување кое ги комбинира тоничните ноти на сончеви цитруси, со слатки ноти од мирис на роза, ветивер и килибар што води до водна хармонија на екстремна свежина.

Парфемите од брендот Mancera можете да ги најдете во парфимеријата Anabella Beauty Spot во хотел Мериот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот